Банките во Македонија со најголем раст на активата

Bez autora
Oct 04 2011

Банките во Македонија, со раст од 11 отсто имале најголемо зголемување на активата меѓу земјите во Централна Европа и од Источна Европа во 2009 година и во 2010 година, иако нејзината вкупна вредност изнесувала само шест милијарди евра, покажува истражувањето на данската консултантска компанија „Интерлејс рисрч“. По Македонија, процентуално, најголемо зголемување на активата имале банките во Србија од 10 отсто во вкупна вредност од 24 милијарди евра. Банките во Полска забележале раст на активата од осум отсто, а во Чешка од седум проценти. Полските банки имаат најголема актива проценета на 292 милијарди евра, пред банките во Чешка со 173 милијарди и во Унгарија со 121 милијарда. Триесет и три од 200 најголеми банки што работат во Централна и во Источна Европа се од Полска, 24 од Чешката Република, а 22 од Унгарија.

Банките во Македонија со најголем раст на активатаБанките во Македонија, со раст од 11 отсто имале најголемо зголемување на активата меѓу земјите во Централна Европа и од Источна Европа во 2009 година и во 2010 година, иако нејзината вкупна вредност изнесувала само шест милијарди евра, покажува истражувањето на данската консултантска компанија „Интерлејс рисрч“.

По Македонија, процентуално, најголемо зголемување на активата имале банките во Србија од 10 отсто во вкупна вредност од 24 милијарди евра. Банките во Полска забележале раст на активата од осум отсто, а во Чешка од седум проценти.

Полските банки имаат најголема актива проценета на 292 милијарди евра, пред банките во Чешка со 173 милијарди и во Унгарија со 121 милијарда.

Триесет и три од 200 најголеми банки што работат во Централна и во Источна Европа се од Полска, 24 од Чешката Република, а 22 од Унгарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik